Свет
16. February 2017 - 15:56

Илјадници демонстрати најавија протести против политиката на Трамп кон имигрантите

Демонстрации под мотото Ден без имиграција, ќе се одржат денеска во Вашингтон, Филаделфија, Бостон, Хјустон, Чикаго, Њујорк и други големи градови во САД.

Голем број бизниси меѓу кои иресторани и продавници се очекува да не отворат во знак на солидарност со мигрантите во обид да демонстрираат нивна важност за општеството во САД.

Американскиот претседател Доналд Трамп во крајот на јануари потпиша указ за „Заштита на нацијата од влегување на странски терористи во САД“. Тој предвидува времено стопирање на политиката на давање азил и забрана за граѓаните на неколку муслимански земји да влезат на територијата на САД. Согласно указот и неговите анекси, кои беа објавени од Белата куќа, американските власти забранија во рок од три месеци влез на државјани од седум муслимански земји: Ирак, Иран, Либија, Сомалија, Судан, Сирија и Јемен. Исклучок се оние граѓани, кои поседуваат дипломатски визи, за официјалите претставници на тие земји и за вработени во меѓународни организации. 

Вашингтон ја замрзна на четири месеци и федералната програма за прием на бегалци од земји, во кои се водат војни.

Американскиот претседател Доналд Трамп на 25 јануари потпиша укази за изградба на ѕид долж границата со Мексико, долг 3.200 километри и за вршење на рации во градовите кои ги штитат илегалните мигранти.