Фудбал
7. јуни 2016 - 14:08

Игуаин пред трансфер во Ливерпул ?

Аргентинскиот репрезентативец и фудбалер на Наполи Гонзало Игуаин се согласи да се пресели во Ливерпул, објави телевизискиот канал „beIN sprots“.
 
Како што е наведено, Игуаин ќе го потпише договорот по завршувањето на Копа Америка.
 
Трансферот би требало да изнесува околу 80 милиони евра.
 
Дека овој трансфер е речиси готов се гледа и по фактот дека менаџерот на клупата на Ливерпул, Јирген Клоп ноќеска натпреварот меѓу Аргентина и Чиле го проследи во друштво на братот на Гонзало, Николас Игуаин кој е и менаџер на напаѓачот на Наполи.