ОН: ИД киднапира над 200 луѓе во близина на Мосул
Борци на групата Исламска држава (ИД) во близина на Мосул киднапираа 295 поранешни припадници на ирачките сили за безбедност и принудија 1.500 семејства да ги напуштат домовите заедно со жителите на Хамам ал Али, соопшти Високиот комесаријат на Обединети нации за човекови права (УНХРЦ).
Киднапирањата биле извршени минатата недела во близина на Мосул, каде ирачките провладини сили, курдските формации и шиитски милитантни групи, поддржани од авијацијата на коалицијата предводена од САД, презедоа офанзива за ослободување на градот, што две години е под контрола на ИД.
- Изгледа дека луѓето насилно се раселувани или киднапирани со цел да бидат искористени како жив штит или убиени, изјави портпаролката на УНХРЦ, Равина Шамдасани.
Таа наваде дека стотина членови на ирачките безбедносни сили биле киднапирани околу полноќ на 3 ноември од селото Мавали, дваесетина километри западно од Мосул. Други 195 се киднапирани меѓу 1 и 4 ноември од села во округот Тал Афар. Киднапираните семејства биле однесени на аеродромот во Мосул, посочи Шамдасани, додавајќи дека нивната судбина е непозната.
ОН има информации и дека најмалку 30 шеици се киднапирани во округот Синџар на 2 или 3 ноември и одведени на непознато место, а има и непотврдени информации дека 18 луѓе од киднапираните се убиени на 4 ноември во Тал Афар.
Ново на Сител
-
Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата
-
Тони Надал: Рафа живеe нормално, а Ѓоковиќ е најдобар во историјата затоа што не живее нормален живот
-
Приведени двајца дилери од Прилеп, пронајдена дрога и пушка
-
СПМ: На 8 мај народот ќе ја определи својата иднина и иднината на државата
-
Едeн загинат во сообраќајка на експресниот пат Штип - Кочани
-
На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори на 8 мај
-
Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден
-
Право на глас на вториот круг од претседателските избори имаат 1.814.317, а на парламентарните 1.815.350