Македонија
23. January 2018 - 11:00

И во Атина протест под мотото „Македонија е грчка“

По масовниот протест во Солун во неделата, грчките организации и здруженија, најавуваат нов собир, но овој пат во грчката престолнина.

Преку социјалните мрежи и изјави во грчките медиуми се упатува повик на 4 февруари, граѓаните да излезат во центарот на Атина во рамките на кампањата што започна под мотото „Македонија е грчка“.