„Гугл“ тестира мерење на брзината на интернет корисниците
Компанијата „Окл“ со години доминира кога станува збор за тестирање на бризната на инернет, а неодамна слична едноставна опција претстави и „Нетфликс“.
Но, сега во оваа сфера се вмеша и компанијата „Гугл“, која тестира мерење на брзината на интернетот на своите корисници директно преку пребарувачот.
Опцијата „Интернет спид тест“ се појавува во резултатите на пребарување кои се внесени во пребарувачот. Ако ја изберете опцијата „run speed test“, Гугл ја проверува бризната на конекцијата и дава пвоеќе корсни детали.
Сепак, оваа опција не се појавува кај сите корисници, што значи дека се уште е во тест фаза и резултатите не се секогаш најпрецизни.
Така на еден корисник кој ја пробал опцијата, му покажало дека неговата брзина на интернет е помала во однос на резултатите на мерење на „Нетфликс“ и „Окл“. Според извори во „Гугл“ ова најверојатно е последица на локaцијата на серверот.
Иако „Гугл“ врши тестови, засега не е сигурно дали во иднина навистина ќе ја воведе оваа услуга.
Ново на Сител
-
Благодатниот оган се спушти во храмот над Светиот гроб во Ерусалим
-
Серафимов: Цената на месото не е зголемена за Велигден
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје