Груевски се сретна со шефот на парламентарната група на австриската владејачка партија Лопатка
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска во Виена се сретнал со шефот на парламентарната група на владејачката партија и поранешен секретар во министерство за надворешни работи на Австрија, Рајхолд Лопатка.
Како што соопшти ВМРО-ДПМНЕ, на средбата Груевски го запозна соговорникот со актуелната политичка состојба, со позициите и ставовите на ВМРО-ДПМНЕ во поглед на нејзиното надминување.
Груевски посочил дека најбрз и најефикасен начин за излез од кризата е спроведување на предвремени парламентарни избори заедно со редовните локални избори каде што народот ќе одлучи за иднината на државата.
На средбата Груевски, како што се наведува, истакна дека промовирањето на документи и платформи креирани во соседни држави за кој народот не одлучил на избори и кои потоа се нудат за основа за понатамошна владина работа претставува изборна измама со која ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните не се согласуваат.
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, посочил Груевски, во Парламентот ги користат сите деловнички законски можности за искажување на своите позиции и ставови низ законска парламентарна дебата.
- Она што таму се случува не претставува исклучок од она што се случувало во минатото, но и од она што се случува и случувало во други демократски земји во Европа и светот, додаде Груевски.
Груевски истакна дека ќе продолжи да се залага и работи за економски напредок на државата, и остварување на стратегишките интереси врзани со интеграција во ЕУ и НАТО, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Се урна хеликоптерот во кој патуваше претседателот на Иран
-
Велешанец собирал печурки, во коленото му влегол проектил од огнено оружје
-
Пронајдени мигранти од Ирак и Турција
-
Возач и сопатничка повредени во сообраќајка на експресниот пат Штип-Радовиш
-
Мицотакис ја повикува Силјановска Давкова да избегне „слични незаконски и провокативни“ постапки
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект
-
Гостивар: Двајца возачи се судриле со три паркирани возила
-
Иран ќе гради ѕид на границата со Авганистан