Груевски: СДСМ ги лаже своите членови за широката коалиција, а не се свесни каква огромна разлика во гласови ги очекува!
Раководството на СДСМ веќе кренале раце од тоа дали ќе победат или не, веќе не ги убедуваат членовите дека ќе победат бидејќи се чувствува насекаде која ќе победи, па сега почнале нова тактика да им кажуваат на членовите дека нема да победат, ама ќе изгубат со мала разлика, со 7 до 8 пратеници и дека ќе влезат во широка коалиција истакна Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на кандидатската листа во ИЕ 4, на митингот во Кочани.
-Плус истата приказна им ја продавале и на некои странски претставници, убедувајќи ги дека ако тие влезат во Владата како една широка коалиција дека ќе допринеле да се изврши посилен притисок на Владата и на Македнија за грчкото прашање за Македонија. Замислете со што се занимаваат и со какви дилови сакаат да дојдат на власт.
Додека тие, додаде Груевски, го убедуваат нивното членство дека ќе изгубат со мала разлика и дека ќе има широка коалиција, додека се борат да ја спречат депресијата во која запаѓа нивното членство и гласачи, сакам да им порачам дека разликата ќе биде огромна.
-ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе победи со така голема разлика што на памет нема да им падне да бараат да влегуваат во широка коалиција. И нема да биде 7-8 ќе биде повеќе, ќе биде убедливо, затоа што овој народ е свесен дека без 63 пратеника за ВМРО-ДПМНЕ не може да заврши политичката криза во Македонија. Ги гледам и нивните платеници ја шират оваа теза дека ќе има широка коалиција, дека СДСМ ќе влегла во Владата, а не се свесни каква огромна разлика во гласови ги очекува. Што е поентата на изборите ако сите партии влезат во Владата? Јасно е дека ова е последниот обид на СДСМ да го дигне нивното членство кое е во почетна фаза на депресија.
Ново на Сител
-
Мао: Кина нема да чека да и бидат загрозени безбедносните интереси
-
Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патот Тетово – Попова Шапка
-
Папата Франциск ја отвори „светата врата“ во затвор на периферија на Рим
-
Во Азербејџан е ден на национална жалост во спомен на жртвите од вчерашната авионска несреќа
-
Раст на БДП над 4 отсто во следните четири години, целосна реализација на капиталните инвестиции и рационализација на буџетските расходи, бара бизнисот
-
Студентски протести во Нови Сад: Властите треба да се плашат од народот, а не обратно
-
АЕТСМ: 63.5% од интернет корисниците направиле онлајн нарачки во 2024 година
-
Претреси во Скопје, пронајден амфетамин