Грк фатен со бугарски камион на преминот Богородица, еве што откри полицијата во тајниот бункер
Група од 13 илегални мигранти од Ирак открила вчера граничната полиција во специјално направен бункер во товарно возило со бугарски регистарски таблички, управувано од грчки државјанин.
Како што соопшти МВР, групата мигранти била откриена околу 20.45 часот на Граничен премин „Богородица“, од страна на полициски службеници во содејство со царински службеници, при контрола на товарно возило „Рено“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од С.А. (45) од Република Грција.
- Мигрантите биле пронајдени во специјално направен бункер во предниот дел од приколката, веднаш зад кабината од возилото. Регионалниот центар за гранични работи Југ при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал Скопје поднесе кривична пријава против С.А., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“, наведуваат од МВР.
Ново на Сител
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување