-->
-->
Голема акција на македонската полиција: Паднаа дилери
-->
Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во координирана соработка со Секторот за криминалистички истраги - единица за недозволена трговија со дрога при Министерството за внатрешни работи, разби уште една група што во изминатиот период се занимавала со препродажба на наркотици.
- Постапувајќи по поднесената кривична пријава против две лица, надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 - Скопје поднесе предлог за определување на мерка притвор за осомничените. На лицата им се става на товар дека сториле кривично дело - Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.3 од Кривичниот законик, соопшти ЈОРМ.
Основите на сомнение, како што велат оттаму, произлегуваат од претходно прибавени докази дека осомничените во септември 2016 година неовластено, а заради продажба купиле и продале наркотична дрога – марихуана со тежина од 805 грама во близина на средното училиште „Никола Карев“ во населбата Карпош во Скопје.
Едното од лицата, вчера во раните утрински часови е запрено на граничниот премин Деве Баир при обид за излез од Република Македонија и е задржано и лишено од слобода.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведен крадец од Струмица, одземеното вратено на сопственикот
-
Земјотрес од 4,1 степени утрово во Србија
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
Приведени двајца криумчари, пронајдени мигранти од Кина
-
Приведен грчки државјанин поради давање поткуп
-
Имигрант од Лаос кој се лекува од рак доби џекпот од 1,3 милијарди долари
-
Лејкерси елиминиран од Денвер во првото коло на НБА плејофот
-
Студентите кои протестираа поради војната меѓу Израел и Хамас се судрија со полицијата во Тексас