Македонија
3. August 2023 - 14:34

Голем пожар кај Дојранското езеро- Ќе го гасат три Ер Трактори

Голем пожар избувна и зафати нискостеблеста шума и сува трева во месноста викана Брдаров камен кај Дојранското езеро.

„Денес окопу 11.00 часот во месноста викана Брдаров камен веднаш до препумпната станица на хидросистемот Дојранско езеро избувна пожар во нискостеблеста деградирана шума и сува трева“, информираат од Центарот за управување со кризи.

Поради опасност пожарот да се прошири кон ветерниот парк Богданци, три Ер Трактори на ДЗС полетале за да им помогнат на пожарникарите од ТППЕ Гевгелија, појаснуваат надлежните.