Македонија
28. April 2024 - 16:31

Голем број гости се очекуваат за празниците во Охрид

Охрид за првомајските и велигденските празници ќе биде исполнет со гости.Според најавите на туристичките работници најбројни ќе бидат гостите од земјава и регионот, но присутни ќе се  и посетителите  од другите земји во рамките на балканските кружни тури.Најбарани како во хотелите така и во приватното сместување се три и четиридневните аранжмани.

Со збогатена понуда за сечиј вкус угостителите ќе ги привлекуваат гостите.

Убавото сончево време и овој викенди го раздвижи главниот туристички центар па хотелиерите и угостителите се надеваат на успешна летна сезона.