Го истетовирала Вучиќ на рака па еве што и порачал тој
Претседателот на Србија Александар Вучиќ порача на девојката од Вршац која го истетовирала неговото име на рака, дека тоа било непотребно и дека е подобро "да работи и да постигне резултати" а на тој начин да се докаже.
Тој додал дека ја прашал шефицата на информативната служба на Српската напредна странка Владанка Маловиќ за кој се работи и дека добил одговор дека станува збор за "прекрасна девојка".
Вучиќ се надева дека девојката нема да зажали поради тоа што го направила.
Инаку, Тијана Станимиров активистка на СНС од Вршац предизвикала лавина од коментари кога на социјалните мрежи објавија слика од тетоважа со името на српскиот претседател на својата рака.
Тијана вели дека тетоважата претставува израз на почитување на лидерот на СНС и претседател на Србија. Младата девојка изјавила дека стои зад својата тетоважа и дека одлуката да ја направи ја донела уште пред две години.
Ново на Сител
-
Судскиот Совет доби двајца нови членови
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ
-
Лимани и Камбовски нови членови на Судскиот Совет
-
Мицкоски го доби мандатот да формира Влада
-
Мицкоски бара од Гаши да се извини за изјавата дека Косово е неговата татковина
-
Револтирани стружани со свирежи го одбележаа патронот на училиштето „Браќа Миладиновци“
-
Судиите од Врховен бираат претставник за Судскиот Совет
-
Денеска се затвораат вратите во СДСМ за поднесување на претседателски кандидатури