Ѓорчев: Југохром и да работи и да постави филтри
Носителот на листата за пратеници од коалицијата За подобра Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ за шестата изборна единица Владимир Ѓорчев, рече дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ со години се труди и настојува и да работи Југохром и да има поставени филтри.
Ѓорчев тоа го изјави на прес-конференција во Тетово, како реакција на денешната изјава од носителот на листата за пратеници од опозициската коалиција предводена од СДСМ за истата изборна единица Петре Шилегов околу состојбите со Југохром од Јегуновце и економијата во земјата.
- СДСМ е партијата на транзицијата во Македонија и таа е партијата што затвори повеќе од 200 фабрика низ цела Македонија оставајќи повеќе од 200 илјади луѓе без работа. Имаме состојба во која Владата на ВМРО ДПМНЕ со години се труди и настојува и да работи Југохром и да имаме поставени филтри. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е во фабриката да имаме филтри и таа да работи. Нашиот став е и да имаме филтри и овие фабрики и стопански капацитети да работат затоа што тоа е егзистенција, тоа е дел од локалната економија, а истовремено како никогаш досега вложуваме во екологијата, рече Ѓорчев.
Потсети дека имаат проект и за субвенција на пелети и за субвенција за печки и, како што рече, резултатот е 35 милиони дрвја засадени за време на оваа влада наспроти нула на СДСМ.
- Тоа е најдобриот одговор кој се грижи за екологијата, најдобриот одговор кој отвора фабрики. Тука е новата фабрика на ЛЕАР каде до крајот на годината треба има 700 вработени, веќе има 500, а за следната година таа бројка ќе оди до 2000 вработени, изјави Ѓорчев.
Во рамките на попладневните и вечерните предизборни активности Ѓорчев се сретна и со дел од жителите на селото Непроштено, општина Теарце.
Ново на Сител
-
Намалени производството и продажбата на шумски производи
-
Тинејџерка со автомобил излетала од патот, тешко повредена сопатничката
-
За 216,2 отсто зголемени откупот и продажбата на земјоделски производи
-
Закани кон претседателката на Уставен суд Добрила Кацарска, пријавено во МВР
-
Совет на Европа: Македонските затвори се почисти, но во нив и натаму има корупција и лош третаман
-
СПМ: Не сме изненадени од изјавите на одредени домашни лица и нивното упорно користење на „северна“
-
Тешка сообраќајка на патот Кичево-Охрид, повредени три лица
-
Пронајдена неиспукана артилериска граната покрај железничката пруга во атар на село Виничани