Бизнис
29. February 2016 - 16:55

Германската „СТС Текстајл“ најави инвестиција за 1000 вработувања во Демир Хисар

Нова инвестиција во Демир Хисар. Германската „СТС Текстајл“ ќе инвестира 4 милиони евра во некогашнот погон на Застава и ќе отвори 150 работни места во права фаза, а во наредниот период бројката ќе надмине 1000 вработувања. Ова е втора голема странска инвестиција во овој регион.

„СТС Текстајл“ е семејна, високо технолошка компанија која лани била прогласена за најиновативна во текстилниот сектор во Германија од страна на магазинот Менаџер.

Фабриката во Демир Хисар е доказ дека владата работи на привлекување инветиции во сите региони, а целта е обезбдување работни места и подобар стандард за сите граѓани.

Оваа инвестиција пред еден месец ја најави Груевски во обраќањето на Конференцијата на Унијата жени на ВМРО ДПМНЕ.

Она што претходно го најавив, денес се остварува, напиша Груевски утрово на ФБ. Компанијата ќе произведува специјализиран текстил и Република Македонија ќе биде првата земја во којашто отвораат нов производствен капацитет надвор од границите на Германија, објави Груевски на социјалната мрежа.