„Газпром“ и „Боташ“ може да привлечат нови учесници во „Турски поток“
Руската компанија „Газпром“ и турската „Боташ“ можат да привлечат нови учесници во изградбата на гасоводот „Турски поток“, како и финансирање од трети лица, се наведува во текстот на меѓувладината спогодба на Русија и Турција за реализирање на проектот, јави ТАСС.
- По заедичко решение на учесниците во компанијата за „копнениот дел 2“ и по решението на рускиот учесник во компанијата за „морскиот дел“ можат да бидат привлечени средства од трети страни, се посочува во документот.
Во него се нагласува дека исто така е постигната согласност за привлекување нови учесници со соодветно прераспределување на деловите во уставниот капитал.
„Копнениот дел 2“ е делот од гасоводот „Турски поток“ на територијата на Турција кон соседните земји. „Морскиот дел 2“ е делот, кој обединува две линии, од брегот на Русија на Црното Море и Турција кон соседните земји.
Согласно спогодбата Русија и Турција ќе го ослободат „Турски поток“ од серија главни даноци. Конкретно нема да се оданочува дејноста на компанијата за морскиот дел, која ќе се извршува во исклучителните економски зони и на бреговите на двете земји во Црното Море.
Турската страна ги ослободува од ДДВ услугите на претпријатието за морскиот дел, како и неговите приходи. Турција од ДДВ ги ослободува и услугите за транспортирање на гас. Освен тоа транспортната и техничката опрема, доставена на територијата на двете земји нема да биде објект на даноци и царина во Русија и Турција.
„Газпром“ е ослободен од данок на недвижен имот за време на изградбата на морскиот дел од гасоводот. Учесниците во изградбата на гасоводот се ослободуваат и од серија други даноци и давачки.
Спогодбата беше потпишана синоќа од рускиот министер за енергетика Алексадар Новак и турскиот министер за енергетика Берат Албајрак во присуство на претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган.
Ново на Сител
-
Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата
-
157 санкционирани возачи под дејство на алкохол
-
Фон дер Лајен најави една милијарда евра помош од ЕУ за Либан
-
Поранешниот лидер на Златна зора, осуден за водење криминална организација, ќе биде пуштен од затвор
-
Курти: Ги исполнивме сите барања на ЕУ за укинување на рестриктивните мерки
-
АСО: Неоправдано и без основа зголемувањето на цените на осигурувањето од задолжителна автомобилска одговорност
-
Почина таткото на Тоше, Никола Проески
-
Од утре до понеделник јавниот превоз во Скопје по неделен возен ред