Фудбал
6. December 2016 - 8:34

Футсал: На стартот реми со БиХ

Футсал репрезентацијата на Македонија  во првиот дуел на турнирот во Скопје одигра 2-2 со селекцијата на БиХ. 

Во драматичен меч први поведоа гостите со погодокот на Бошковиќ во 23м. 
Следуваше израмнување по ударот на Глигоров кога гостинскиот играч Павловиќ си постигна автогол. Бразилецот во нашите редови Де Соуза донесе водство од 2-1 но победата ни избега во последната секунда кога Алајџиќ донесе голема радост за фудбалерите на БиХ и израмнување на 2-2. 
Денеска во 17ч во директен пренос на ТВ Сител 3 играат БиХ и Португалија.