-->
-->
Фудбалски празник во Милано
-->
Реал и Атлетико, во сабота на „Сан Сиро“ ќе го одиграат финалниот меч во Лигата на шампионите. Реал, во Милано, ќе се бори за својата 11-та, а Атлетико за првата титулата во Лигата на шампионите.
Мадридските ривали втор пат во последните три години се во финалето во елитното фудбалско натпреварување, пред две години Реал ја освои титулата, откако од пораз се спаси во последните секунди од натпреварот кој се одигра во Лисабон.
Во Милано шести пат тимови од иста држава ќе се борат за големиот пехар, а втор пат за трофејот ќе играат екипи од ист град. Реал и Атлетико, во сите натпреварувања, низ историјата имаат одиграно 263 натпревари, 136 пати победил Реал, а 67 Атлетико.
Натпреварот ќе го суди Марк Клатенбург (41) од Англија кој оваа сезона ја делеше правдата на шест натпревари во Лигата на шампионите, вклучувајќи го и првиот полуфинален меч помеѓу Атлетико и Баерн (1:0). Пред една недела Клатенбург го судеше и финалето на англискиот ФА куп.
Очекувани состави:
Реал (4-3-3): Навас – Карвахал, Пепе, Рамос, Марсело – Каземиро, Крос, Модриќ – Бејл, Бензена, Роналдо
Атлетико (4-4-2): Облак – Хуанфран, Хименез, Годин, Фелипе Луис – Саул, Габи, Аугусто, Коке – Торес, Гризман.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Истече рокот за приговор до ДИК
-
Претседателска кампања 2024
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Течат последните часови од рокот за приговор - ДИК ќе чека до 19 часот
-
И Мицкоски и Ковачевски во поход за поддршка од помалите партии
-
Изборна кампања
-
Ценовен шок за возачите: Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата