-->
-->
Фудбал У-17: Македонија загуби од Србија во квалификациите за ЕП
-->
Македонската фудбалска репрезентација составена од играчи до 17 години, денес загуби од соодветната селекција на Србија со 3:0, во квалификациски натпревар за пласман на Европското првенство кое ќе се одржи во Хрватска 2017 година.
На натпреварот одигран во близина на италијанскиот град Равена, стрелци на головите за српската репрезентација беа Жељко Гавриќ во 19. Минута и Филип Ступаревиќ во 55. и 69.минута.
Погодокот за Македонија беше дело на Ениз Фазлагиќ од пенал на десетина минути пред крајот на мечот.
На 28 октомври Македонија ќе игра против домаќинот на турнирот Италија, додека на 31 октомври „црвено-жолтите“ квалификациите ќе ги завршат со средбата со Албанија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци