-->
-->
Фудбал У-17: Македонија и Словенија одиграа без победник
-->
Младата македонска фудбалска репрезентација за играчи до 17 години одигра нерешено против Словенија на првиот контролен натпревар.
На средбата одигран попладнево на тренинг центарот „Петар Милошевски" во рамки на комплексот „Куќа на фудбалот", Македонија и Словенија одигра 2:2
Иако во првиот дел немаше голови, сепак, натпревар во целиот тек изобилуваше со многу борба, трчање и цврста игра во средината на теренот. Двете репрезентации пропуштија по неколку солидни можности за постигнување гол, но реализацијата изостана во првото полувреме. Во продолжението играта се отвори, и двете селекции постигна по два гола во мрежата на противникот.
Гостите од Словенија први го отворија резултатот, во 53.минута Мај Рориќ , а само четири минути подоцна Душан Стојиновиќ зголеми на 2:0. Но нашата селекција не се предаде и покрај убедливото водство на противникот, напротив црвено-жолтите успеаја до крајот на средбата да постигнат два гола и да го израмнат резултатот на 2:2.
Головите за Македонија ги постигнаа Дарко Чурлинов во 65.минута и Енис Фазлагиќ две минути подоцна.
Во четврток овие две млади селекции на истиот терен ќе одиграат уште еден контролен меч, и тоа во терминот од 15 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка
-
Благодатниот оган се спушти во храмот над Светиот гроб во Ерусалим
-
Серафимов: Цената на месото не е зголемена за Велигден
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал