Франција ќе побара помош од ЕУ по терористичките напади
Франција денеска официјално ќе побара помош од другите земји-членки на ЕУ по терористичките напади во Париз.
Доцна синоќа дипломати потврдија дека барањето за помош ќе биде поднесено на денешната средба на министрите за одбрана на ЕУ.
Според Договорот за ЕУ доколку држава од Унијата е жртва на вооружена агресија, извршена на нејзина територија, другите земји-членки имаат обврска да и помогнат и соработуваат со сите средства, со кои располагаат, согласно член 51 од Уставот на ОН.
Францускиот претседател Франсоа Оланд денеска во американската амбасада во Париз ќе се сретне со државниот секретар на САД, Џон Кери, кој доцна синоќа пристигна во Франција. Кери истакна дека Исламската држава и сите кои ја следата нејзината „мизерна идеологија“ ќе бидат победени.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори