-->
-->
Франција 2017: Бронза за Словенија или Хрватска
-->
Репрезентациите на Словенија и на Хравтска вечерва во Париз ќе го играат натпреварот за бронзениот медал на Светското првенство во ракомет. И двете селекции загубија во полуфиналето: Словенија од Франција, а Хрватска по продолжение од Норвешка.
Во двата табора истакнуваат дека ќе најдат сили и последниот натпревар да го одиграа најдобро што можат и со медал да го завршат шампионатот. Во нешто подобра позиција е Словенија, која своето полуфинале го играше во четвртокот, додека Хрватска практично нема ден одмор пред дуелот за бронзата.
Ова е втор натпревар на овие две селекции за бронзен медал на Светското првенство. Пред четири години Хрватска во Барселона ја победи Словенија со 31:26. Почетокот на дуелот е во 20:45 часот, а го судат шпанските судии: Оскар Ралуи Лопез и Анхел Сабросо Рамирез.
Утре во финалето од 17:30 часот ќе играат светскиот првак Франција и Норвешка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Изборен ден во Струга
-
Гласање во Охрид
-
Избори во Крушево и Долнени
-
ДИК бележи зголемена излезност
-
Веќе пет дена хируршките клиники функционираат со затворени сали
-
Четворица затворски полицајци завршија на Токсикологија по пожар во женското одделение во затворот „Идризово“
-
Мемети утре во суд, врховниот судија Георгиев се жали на притворот
-
Речиси 2 тони вијагра и опасен лек за слабеење запленети на скопскиот аеродром