Македонија
22. May 2024 - 16:42

Четворица затворски полицајци завршија на Токсикологија по пожар во женското одделение во затворот „Идризово“

Четворица затворски полицајци завршија на Токсиколигија, по пожар кој избувна во женското одделение во затворот Идризово. Тие први стиганле во келијата и пробале сами да го изгаснат огнот. 

Беќаровски тонско: Хоспитализирани се 4 машки лица, сите се во стабилна состојба Кај сите се применети ургентни за токсикација, тие биле изложени на чад  15 20 мин први пришле да го гасат

Се очекува во текот на утрешниот ден полицајци да бидат пуштени на лекување. Според неофицијалните информации пожарот во женското одделение бил подметнат. По несогласување на две затворенички, вчеравечер бил запален кревет и постелнини.  Директорот на затворот вели дека е причинета материјална штета.

КПУ Идризово директор тонско:

Сослушани се лицата кои се во собата. Увид е извршен. Дали е подметнат или не ќе открие истрагата. Четворица интервенирале први и се во болница.

Интервенирала и скопската противпожарна бригада. На терен излегле со три возила, а пожарот бил изгаснат за кратко време. Од МВР го потврдуваат случајот, и информираат дека е извршен увид на местото на настанот.