Формирана Анкетната комисија за прислушкувањето, Шилегов претседател
Собранието на Република Македонија денеска, во рамки на 78 седница, со 81 глас „за“, двајца против и еден воздржан, ја изгласа одлуката за формирање Анкетна комисија за прислушкувањето.
Анкетната комисија брои 16 членови, осум предложени од ВМРО-ДПМНЕ, четворица од СДСМ, двајца од ДУИ, еден од ДПА и еден од редовите на независните пратеници. Претседател е Петре Шилегов, а негов заменик Горан Мисовски.
Антонио Милошоски, Силвана Бонева, Крсто Мукоски, Павле Саздов, Димитар Стевананџија, Лилјана Затуроска, Магдалена Манаскова и Владанка Авировиќ се членовите предложени од ВМРО-ДПМНЕ, Томислав Тунтев и Васко Ковачевски се предлогот на СДСМ, Талат Џафери и Ејуп Рустеми на ДУИ, Ернад Фејзула на ДПА, а Роза Топузова-Каревска е од редот на независните пратеници.
Откако претседателот на Комисијата за избори и именувања Зоран Илиоски ја образложи одлуката, следеше кратка расправа во која, за разлика од своите колеги, пратеникот Павле Трајанов изрази сомневање дека Комисијата, како што рече, може да одговори на задачата.
Според Трајанов, пред Анкетната комисија стои сериозен предизвик. Таа ќе мора да одговори на клучните прашања, кој во Македонија дал налог да се користат системите за прислушување, кој се бил вклучен во овој процес и кој и за што ги користел собраните информации, а не постои законска обврска државните институции, носителите на важни фунцкии, сведоците, експертите, граѓаните,..., да даваат информации. Тоа, смета Трајанов, ќе биде суштински проблем.
- Комисијата многу тешко ќе собира докази и податоци врз основа на кои треба да се дојде до вистината. Не сум сигурен дека има механизам за такво нешто, нагласи Трајанов и предложи Комисијата да работи јавно, транспарентно, за граѓаните да дојдат до точни информации и сопствен заклучок во врска со прислушкувањето.
На тоа реагираше Лилјана Поповска со сосема спротивен став. Таа, како што рече, е оптимист и цени дека Комисијата ќе се ја заврши добро работата.
- Треба да веруваме дека Комисијата ќе даде резултат зашто процесот станува инстутионален, процедурален и на тој начин ќе има мирна разврска на многу јазли, посочи Поповска.
За Зуфи Адели единствено спорен е начинот на избор на членовите на Комисијата. - Вчера, поради коректноста и реалниот избор на членовите, ќе беше подобро да се свикаат пратениците кои немаат пратенички групи, да предложат имиња за Комисијата. Сакам да верувам дека Комисијата ќе ја заврши работата, но повеќе верувам дека тоа ќе го стори под притисок на меѓународната заедница како што беше постигнат и Договорот во Пржино, рече Адели.
Анкетната комисија се формира согласно Договорот од Пржино за надминување на политичката криза и до крајот на јануари идната година треба да поднесе извештај.
Ново на Сител
-
Вербални закани кон претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, случајот пријавен во полиција
-
Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект во Штип
-
Стара експлозивна направа пронајдена во двор во делчевското село Вирче
-
Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз
-
Маж од Валандово најден починат дома, ќе се прави обдукција
-
Кривична пријава против градоначалник поради противзаконито располагање со буџетски средства
-
Фоден играч на сезоната во Премиер лигата
-
Убиство и самоубиство во Бјеловар, Хрватска