„Фокс њуз“: Пет странски служби имале пристап до мејловите на Хилари Клинтон
Американската ТВ станица „Фокс њуз“ денеска ја објави веста дека „властите веруваат дека постојат околу 99 отсто шанси пет странски разузнавачки агенции да имале пристап и да ги зеле мејловите од приватниот сервер на Хилари Клинтон
„Фокс њуз“ се повикува на „два одвоена извора кои имале директен увид во истрагата на ФБИ“, а британски „Индипендент“ тоа го протолкува како „веројатно“ покренување федерално обвинение против Клинтон.
По повод овие информации американската телевизија контактирала со претседавачот со Комитетот за државна безбедност во Претставничкиот дом на Конгресот, Мајкл Мекол, кој начинот на кој Клинтон се однесувала кон мејл системот додека била државен секретар на САД го окарактеризира како „велепредавство“.
-Таа им открила информации на нашите непријатели. Нашите противници ја имаат оваа многу чувствителна информација... По мое мислење, навистина искрено кажано, тоа е велепредавство, кажа Мекол во емисијата „Фокс енд френдс“.
Мекол, конгресмен од Тексас, изјави и дека директорот на ФБИ претходно му кажал дека противниците (на САД) од странство веројатноо влегле во серверот на Клинтон.
Ново на Сител
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава