Филмот „Џган“ на фестивал во Мексико
Филмот „Џган“ (англиски Amok) по сценарио и во режија на Вардан Тозија ќе има две прикажувања на Меѓународниот филмски фестивал во Гвадалахара во официјална конкуренција во секцијата Панорама, соопшти македонскиот продуцент на филмот „Дрим фектори“.
Продукцијата наведува дека фестивалот има големо значење за Мексико и се смета за еден од најважните на американскиот континент за промоција и дистрибуција на мексикански и ибероамерикански филмови, како и на најважните светски филмски достигнувања.
- Како фестивал на премиери на филмови од Латинска Америка, FICG служи како богат форум за креативна размена меѓу професионалци, режисери, критичари, студентите, како и публиката од „Иберо” Америка. Многу дебитантски филмови од веќе етаблирани и реномирани режисери од регионот ги имале нивните премиери токму на овој фестивал, соопшти „Дрим фектори“.
Копродуцент на филмот е Red helicopter films од Албанија. Филмот е финансиски поддржан и од Агенцијата за филм на Република Македонија и SEE Cinema network.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228