-->
-->
ФИБА не смее да суспендира клубови и репрезентации
-->
Судот во Минхен денеска донесе забрана за Светската кошаркарска федерација (ФИБА) да изрекува суспензии врз репрезентации и клубови кои сакаат да настапуваат во Евролигата на УЛЕБ, а за кои претходно обезбедиле пласман.
Со тоа ФИБА ја загуби и правната битка со Евролигата.
Откако челниците на ФИБА се обидоа со изрекување на суспензии најнапред на клубови, а потоа и репрезентации, да ги натераат клубовите да откажат од учество во Евролигата и да станат дел од новоформираната Лига на шампиони, следеше тужба од челниците на елитното европско натпреварување.
Во одлуката на минхенскиот суд е потенцирано дека, за кршење на оваа одлука казната ќе изнесува 250.000 евра или затворска казна од шест месеци, со која би можеле да се соочат генералниот директор на ФИБА Европа или генералниот секретар на ФИБА Свет.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата
-
Животот како пред еден век
-
Мирен изборен ден
-
Ковачевски на митинг испрати пораки до Ахмети
-
27 Април да не се повтори
-
ВМРО-ДПМНЕ промовира проекти
-
Претседателски избори
-
Министерот Тошковски пречекан со „ Бисер Балкански“ од новите полициски службеници