-->
-->
ФИБА ќе издвои 30 милиони евра за националните федерации
-->
Извршниот комитен на Светската кошаркарска федерација (ФИБА) се состана во Мие, Швајцарија, за да ја усвои одлуката за инвестиција вредна 30 милиони евра со кои ќе биде поддржан новиор систем на квалификации во периодот од 2017 до 2021 година.
Средствата ќе бидат наменети за националните федерации. Со нив ФИБА ќе ги покрие трошоците за организација, но и телевизиската продукција, која беше голем товар на помалите федерации, како и осигурувањето за сите играчи.
Истовремено, федерациите кои погриваат големи телевизиски пазари, ќе профитираат од редистрибуција на ТВ правата, додека новиот солидарен фонд, ќе им помогне на федерациите со помали телевизиски пазари.
Извршниот одбор на ФИБА го одобри и принципот по кој ќе се распределуваат финансиите за награди на Светското првенство во Кина 2019 година.
Воедно беа разгледани и кандидатурите за домаќин на Мундијалот во 2023 година, за кое заедничка кандидатура најавија Аргентина и Уругвај, односно Јапонија, Филипини и Индонезија, како и поединечнaтa кандидатурa на Русија, додека Турција реши да се откаже од трката.
Одлуката, кој ќе биде домаќин на СП 2023 година, ќе биде донесена на 9 декември.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Последен ден од кампањата - Партиите и коалициите со завршни митинзи
-
Над 200 болни и 203 затвореници утре ќе гласаат во Штип
-
Со изборен навигатор можете да проверите која партија и програма се најблиску до вашите убедувања
-
Со добра понуда и бројни настани Охрид може да привлекува туристи преку цела година
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид