Македонија
31. July 2016 - 16:47

Фекални бактерии пронајдени во резервоарите за вода на Попова Шапка

Втор случај на загадена вода за пиење во Тетовско ова лето. Сега проблеми со водата има на Попова Шапка.

Испитувањата на Центарот за јавно здравје покажуваат  неисправност на водата во резервоарите од водоснабдителниот систем за објектите на Попова Шапка. Во водата е забележано присуство на бактерии, додека физичко-хемиските параметри се во ред.

-Водата е небезбедна односно бактериолошки неисправна поради присуство на хлороформни бактерии ешерихија коли. што значи фекално загадување. По однос на физичко-хемиските параметри резултатите се одлични како и секогаш.

Водоснабдителниот систем за Попова Шапка не поврзан со тетовскиот и нема влијание заматувањето што се случи пред десетина дена. Причината е во човечкиот фактор, односно одржувањето на резервоарите.

-Не се врши дезифенкција на водата за пиење. ЈКП има свој човек се грижи за резервоарите на Попова Шапка. Снабдувањето на Попова Шапка нема врска со оној инцидент од пред 10-тина дена што се случи со Тетово.

Од Јавното комунално претријатие Тетово не одговорија на прашањата што ќе се превземе во врска со ова загадување на водата за пиење на Попова Шапка.