Македонија
29. August 2026 - 16:29

Пожарот стигна до куќите во Куклиш

Бурна и тешка ноќ поминаа струмичките пожарникари, откако во рок од само половина час избија четири пожари на четири различни локации.

Синоќа, речиси во исто време, гореше во Банско, Моноспитово, Баница и Куклиш. Според информациите од Противпожарната единица, сите четири пожари започнале од депонии.

Најкритично било во селото Куклиш, каде што огнот се доближил до првите куќи, поради што била побарана итна помош и од пожарникарите од Радовиш и Валандово.

Поради опасноста од дополнително ширење на пожарите на отворен простор низ целата земја, директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, и денеска упати апел за поголема внимателност и одговорност од сите граѓани.

Според информациите од ЦУК, во моментот најголем е пожарот на планината Жеден кој трае неколку дена. но  во моментов нема директна опасност по населените места.