-->
-->
Ф-1: Криминалците во Бразил ја ограбија дружината на Хамилтон
-->
Филмска забава им приредија криминалците во Бразил пред трката за ГН на Интерлагос на челновите на тимот на Луис Хамилтон од Мерцедес.
Новиот светски првак соопшти пред јавноста дека членови на неговиот тим синоќа биле ограбени во Бразил, а напаѓачите им се заканиле со пиштол.
Хамилтон приказната ја објави на Твитер, тврди дека се истрелани куршуми од пиштол, а на еден член на неговата екипа напаѓачот му вперил пиштол во главата.
Грабежот се случил во близина на патеката Интерлагос, додека тимот се враќал од подготовките за неделната трка.
Набрзо се огласи и тимот на Мерцедес.
„Еден минибус е ограбен под закана со пиштол. Украдени се вредни предмети, но сите се на безбедно и не се повредени, што е најважно“, се вели во соопштението од Мерцедес.
Локалните банди и порано им создаваа проблеми на организаторите и посетителите на Ф1 во Бразил. Пред седум години беше нападнат Џенсон Батон, како и членови на Заубер.
Хамилтон побара од организаторите да се погрижат за безбедноста на сите возачи и членови на Ф1 тимовите.
„Ова се случува секоја година, Ф1 и екипите мораат нешто да направат, доста се извинувања“, порача Хамилтон.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Апсења на аеродромот во Скопје и на границата „Деве Баир“
-
Димовски: Потребна ни е сплотеност и единство за опстојување и сочувување на македонската држава
-
Возач загина откако удрил со возило во надворешната капија на Белата куќа
-
Тешка сообраќајка на патот Дебар-Маврово, двајца повредени
-
Сообраќајот непречено по наместа влажни коловози
-
Бернар Арно прв на листата на најбогати луѓе во светот, Маск на третото место
-
Драма во Кавадарци: 18-годишник нападнал полицајци кои се обидувале да приведат побегнат затвореник
-
Меси се запиша во историјата на МЛС лигата – Гол и пет асистенции