-->
-->
Евролига: ЦСКА Москва и Фенербахче на една победа до Ф4
-->
Екипите на ЦСКА Москва на Фенербахче ги дели само една победа до пласман во полуфиналето на кошаркарската Евролига по вторите победи на пресметките со Басконија, односно Панатинаикос.
Во Москва, европскиот шампион ЦСКА ја победи Басконија со 84:82 во меч со драматична завршница. При резултат 82:82 од линијата за слободни фрлања два пати погоди Хајнс за победа на рускиот шампион и водство од 2-0 во серијата прв до три победи. Следниот дуел се игра на теренот на шпанската екипа.
Втора гостинска победа синоќа во Атина забележа Фенербахче за кој настапува македонскиот интернационалец Перо Антиќ кој мечот го заврши со три поени за осум минути поминати на теренот. Турскиот тим во Истанбул ќе има две можности да ја постигне третата победа и да се пласира во полуфиналето.
Вечер играат Олимпијакос – Анадолу Ефес (1-0 во победи) и Реал Мадрид – Дарушафака (1-0).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори