-->
-->
Еве колку секој вид на дрога се задржува во телото
-->
Различно од она што го рекламират многу тестови на дрога, сите супстанци не остануваат во организмот исто време.
Во моментот на конзумацијата на дрога, телото започнува со разградување на истата. Во тој процес, настануваат метаболити на дрогата кои се задржуваат во крвта, урината и косата. Трагите од метаболите ги пронаоѓаат тестовите кои покажуваат дали некој конзумирал дрога.
Додека тестовите за конзумација на дрога од коса се најточни, тестовите за конзумирање на дрога од крв и урина не можат да откријат различни видови на дрога и исто време на задржување. Хероинот на пример во урината не може да се открие по три до пет дена.
Како што покажува графиконот, траги од дрога како што се ЛСД, морфиум, хероин, амфетамин, алкохол остануваат во крвта 12 часа или помалку.
За урина, детекцијата е малце поширока - отприлика три до шест дена за ЛСД, МДМА и морфиум, а за марихуана до 30 дена.
Тестовите кои се прават на косата се најперцизни, како што се гледа на графиконот, траги од алкохол до морфиум остануваат во фоликулата на косата до 90 дена.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЕУ ќе стационира пожарникари од 12 земји на жариштата на шумските пожари
-
Очевидци: Израелските трупи навлегле подлабоко во Рафа
-
Париз очекува да заработи над 11 милијарди евра од ОИ
-
Истражување: Половина од раселените Украинци изразиле подготвеност да се вратат во земјата
-
ЈОРСМ: Извршен увид и обезбедени траги за вештачење од местото на убиството во Стајковци
-
НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата
-
17-годишно момче исчезна од установа за згрижување деца во Карпош
-
OpenAI ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ChatGPT-4o