-->
-->
ЕУРО 2016: Шпанија стартува против Чешка
-->
Европскиот шампион Шпанија одбраната на титулата ќе ја почне со денешниот дуел против Чешка што се игра во Тулуз во рамките на групата Д. Во рамките на оваа група вчера Хрватска ја совлада Турција со 1:0 што е голем мотив за селекциите на Шпанија и на Чешка шампионатот да го почнат со победа.
Секако најголемата дилема е во таборот на „црвената фурија“ кој ќе биде на голот Икер Касиљас или Давид Де Геа. На досегашните девет натпревари на двете селекции Шпанија има 5 победи, Чешка 3, а еден натпревар завршил нерешено. Почетокот на натпреварот е во 15 часот.
Покрај овој натпревар денеска се играат и дуелите од групата Е:
Република Ирска – Шведска (почеток 18 часот во Париз на „Стад Д‘Франс) и
Белгија – Италија (почеток 21 часот во Лион).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Од утре до понеделник јавниот превоз во Скопје по неделен возен ред
-
Изречени 34 санкции за возење под дејство на алкохол на подрачје на СВР Битола
-
Пронајдено лице пријавено за изгубено во Парк - шумата Водно
-
Претрес во Мала Речица, пронајдена дрога
-
ЦУК: Три пожари на отворено, апел за внимателност поради наглите метеоролошки нестабилности
-
Уставниот суд ќе ја одржи 15. седница
-
Арсенал се надева дека Жоргињо ќе го продолжи договорот
-
„Данас“/Соговорници: Вучиќ покажува дека ја презира работничката класа