ЕУ ќе одвои 9,2 милијарди евра за справување со имигрантите
Европската унија во следните години ќе издвои 9,2 милијарди евра за справување со проблемот со имигрантите, како во рамки на ЕУ, така и надвор од нејзините граници, соопшти денеска во Њамеј еврокомесарот за меѓународна соработка Невен Мимица.
Како што јави ТАСС, Мимица, кој престојува во посета на Нигер, нагласи дека овие средства ќе бидат наменети за изградба на центри во кои ќе бидат прифаќани и регистрирани имигрантите и на кампови за нивно сместување, како и за помош на земјите од каде доаѓаат бегалците и на државите низ кои тие транзитираат.
Тој истакна дека целта на помошта од т.н. трет миграциски пакет на ЕУ, наменет за трети земја, е да се засили конторлата на нивните граници и да се создадат услови за сместување на имигрантите на нивна територија, со цел да се намали имигрантскиот прилив во Европа.
Давањето помош на овие, трети, земји, Еу ќе го услови со добивање гаранции од нивните влади, дека ќе ги прифатат назад сите економкси имигранти на кои ќе им биде одбиено барањето за добивање азил во ЕУ.
Претходно денеска, во пресрет на почетокот на дводневниот Самит ЕУ-Африка во Ла Валета, европски дипломатски извори соопштија дека Унијата на земјите од Африка ќе им понуди „милијарди евра помош“ за да се запре напливот на мигранти и да се справи со сегашната бегалска криза
Според најавите, во Брисел веќе е подготвен специјален фонд од 1,8 милијарди евра за финансиска помош за африканските земји, а од Европската комисија доаѓаат најави дека тој износ би можел да биде и поголем, затоа што се разговара со земјите-членки за зголемување на ниваната финансиска партицапиција.
Целта на Самитот ЕУ-Африка во главниот град на Малта, на кој лидерите на околу 60 земји од Унијата и од Африка ќе расправаат за масовната преселба на луѓе од африканскиот континент кон Европа, е двете страни да се зафатат со економските и со безбедносните проблеми што ги тераат луѓето да бегаат.
Овој Самит беше планиран веднаш по големата катастрофа во Медитеранот во април годинава, кога брод полн со имигранти потона крај либискиот брег, при што загинаа околу 800 лица, но беше одложен откако ЕУ се соочи со наплив на бегалци од исток, од Турција, од каде тие заминуваат без никакво ограничување и преку Грција и земјите од Балканот, се префрлаат на кон богатите западни држави на ЕУ.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228