Етиопија бара продолжување на амнестијата за мигрантите без статус во Саудиска Арабија
Владата на Етиопија побара од Саудиска Арабија да го продолжи рокот за амнестијата за етиопските мигранти за да можат да го регулираат статусот, пред да мора да се вратат дома.
Станува збор за над 45 илјади Етиопјани кои мора да се вратат, а таа бројка би можела да биде и многу поголема ако властите во Ријад се држат строго за својата првична одлука.
Саудиските власти, претходно, определија 90 денови амнестија за мигрантите кои го немаа регулирано статусот и кои во оваа земја престојувале без да имаат виза и други документи за работа.
Рокот истече вчера на полноќ, по што сите кои не си ги средиле своите документи за престој, мораа да ја напуштат Саудиска Арабија.
Оваа земја богата со нафта и малку населена, но затворена кон странците, од пред извесно време е мошне популарна дестинација за работа за илјадници Етиопјани.
Тие таму се ангажирани во градежните работи како општи работници и во домаќинставата на Саудијците, како послуга и прислужници.
Претставник на владата во Адис Абеба изјави за локалните медиуми дека верува оти властите во Ријад „позитивно ќе одговорат“ на етиопските барања, за продолжување на рокот на амнестијата.
Ново на Сител
-
Вербални закани кон претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, случајот пријавен во полиција
-
Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект во Штип
-
Стара експлозивна направа пронајдена во двор во делчевското село Вирче
-
Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз
-
Маж од Валандово најден починат дома, ќе се прави обдукција
-
Кривична пријава против градоначалник поради противзаконито располагање со буџетски средства
-
Фоден играч на сезоната во Премиер лигата
-
Убиство и самоубиство во Бјеловар, Хрватска