-->
-->
Ердоган: Турција за бегалците потрошила над 20 милијарди долари
-->
Турција за бегалците потрошила над 20 милијарди долари, изјави денеска турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган во обраќање на отварањето на Седмиот глобален форум на иницијативата на Обединетите нации Сојуз на цивилизации во Баку, јави ТАСС.
- Турција досега примила три милиони бегалци од Сирија и Ирак и за нив потрошила десет милијарди долари. Ако се вклучат и трошоците на невладините организации, тогаш станува збор за повеќе од 20 милијарди долари, рече Ердоган.
Тој нагласи дека вратите на Турција, за разлика од оние на Западот, се отворени за бегалците.
- Ние за разлика од некои западни држави, не ги затвораме вратите пред нив, додаде турскиот претседател.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори