-->
-->
Ердоган со Макрон и Тани разговараше за кризата со Катар
-->
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган оствари телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон и катарскиот емир Тамим бин Хамад Ал Тани, при што тројцата лидери ја разгледаа кризата поврзана со Катар, јави телевизијата „Си-Ен-Ен-Турк“.
Тие наведоа дека кризата побрзо ќе се реши преку дијалог, отколку со санкции.
Лидерите меѓусебно се информирале за контактите кои ги оствариле при напорите за наоѓање на излез од конфронтацијата меѓу Катар и некои арапски земји во Персискиот залив и Египет.
Саудиска Арабија, Египет, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин ги прекинаа односите со Катар и му наложија санкции, обвинувајќи го дека го поддржува тероризмот. Доха ги отфрли овие обвинувања.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата