-->
-->
ЕК предлага кредит од седум милијарди евра за Грција
-->
Европската комисија предлага да и додели на Грција тримесечен кредит од седум милијарди евра, со кои ќе се покријат финансиските потреби на државата во јули, се наведува во документ објавен на сајтот на ЕК, јави ДПА.
Средствата ќе се обезбедат од Европскиот механизам за финансиска стабилизација.
Траншата од седум милијарди евра ќе се реализира ако Грција го прифати првиот пакет ветени економски реформи до крајот на денешниот ден и направи „недвосмислени чекори за подготовка за реализирање“ на други реформи, се вели во документот.
Според европски извори кредитот треба да биде одобрен од државите членки на ЕУ со квалификувано мнозинство. Велика Британија и Чешка веќе се спротивставија на идеата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг