-->
-->
ЕК повторно само двапати ја употреби придавката „македонски“ во извештајот за Македонија
-->
Во однос на употребата на придавката „македонски“, како и изминатите неколку години, во прогрес-извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија во процесот на проширување ја има само двапати.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, откако пред четири години оваа придавка „волшебно“ ја снема од извештаите на ЕК, како вид на притисок од Брисел кон Македонија, изминатите три години е наведена само колку да нема забелешки од високите владини претставници од Македонија.
Па, така, во овој извештај на 88 странции на Брисел за Македонија, првиот пат, придавката е употребена при објаснувањето дека „македонската Влада направила лимитиран прогрес во имплементирањето на Итните реформски приоритети на Европската комисија од јуни 2015 година. Втората е во однос на тоа дека е потребен „функционален преглед за оценка на рационалноста на организирање на македонската јавна администрација“.
Исто така, придавката „македонски“ може да се забележи и при употребата на термините „Македонски пошти“, како и во дескрипцијата на целото име на ВМРО-ДПМНЕ (Внатрешно македонска револуционерна партија – демократска партија за македонско национално единство).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Дачиќ: Резолуцијата за Сребреница не е правно обврзувачка
-
Ја вознемирувал поранешната партнерка и непочитувал судска мерка, уапсен неготинец
-
Без струја утре делови од Ѓорче Петров и Карпош
-
Голема тепачка меѓу навивачи на Олимпијакос и Панатинаикос во Берлин
-
„Од Битола до Вевчани се сардисано“ - годишен концерт на КУД „Дримкол“ Вевчани
-
Млад возач на „јамаха“ заврши во болница по судир со „пежо“
-
Му упаднал дома го истепал и му го украл телефонот, уапсен велешанец
-
Украина: Уништени 12 проектили и 31 беспилотно летало за време на руските воздушни напади ноќеска