Едно загинат и 10 повредени при напад пред џамија во Лондон
Едно лице загина, а 10 други се повредени, кога маж со комби синоќа по полноќ влета во група верници кои излегувале од џамијата во лондонската населба Фајнсбури Парк, соопшти полицијата.
- Едно лице загина на самото место. Осуммина се хоспотализирани, а на две лица им беше укажана медицинска помош на местото наљ настанот, се наведува во соопштението на лондонската полиција.
Напаѓачот на возраст од 48 години бил задржан од присутните околу местото на инциднетот, а потоа бил упасен од страна на полицијата и пренесен во болница, со цел да се процени неговата психичка состојба.
Британскиот Совет на муслиманите го окрактерзира инцидентот како „терористички напад врз верници“.
- Од сведоштвата на очевидци очигледно извршителот бил мотивиран од исламофобија, изјави генералниот секретар на Советот, Харун Хан.
Британската премиерка Тереза Меј од своја страна нагласи дека лондонската полиција го разгледува случајот како „можен терористички напад“.
Ново на Сител
-
Кривична пријава против двe лица кои со измама изнудувале пари од охриѓани
-
Сообраќајка на патот Битола - Демир Хисар, сообраќајот во прекин во двата правца
-
Прв закон за реорганизација на управата
-
Демири бара од Владата итно да се смени компресорската станица за да проработат хируршките сали
-
Претседател на Уставен суд не се одбра, седницата продолжува утре
-
Пропаднаа два обиди да се избере претседател на Уставниот суд
-
ДИК: Завршија парламентарните избори, Азизи нов пратеник на местото на Касами
-
Велосипедист удрил дете и избегал, девојчето тешко повредено