Македонија
26. March 2016 - 18:45

Едно лице загина во тешката несреќа во Драчево

Тешка сообраќајка се случи денеска попладне во Драчево, каде што новиот воз удрил во автомобил „фиат панда“. Според последните информации, едно лице го загубило животот.

Во возилото биле дедо, неговата ќерка и две негови внучиња. Дедото им подлегнал на повредите, а двете деца минале без повреди, објави ТВ Нова.

На возот, кој е еден од двата нови кои пристигнаа во земјава, нема оштетувања, а, според досегашните информации, нема ниту повредени патници.

Полицијата е на теренот и се испитуваат причините за несреќата.