ДЗС ја зголеми мобилноста поради најавата за обилни врнежи
Согласно информација од УХМР за можноста од серија обилни врнежи дожд од над 50 литри на метар квадратен, а во крајните западни и југоисточни делови и над 70 литри, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) одржа вонреден работен состанок и го активира Оперативното тело за справување, при што будно ја следи состојбата со зголемена мобилност и подготвеност на постојаниот состав на силите за заштита и спасување.
Според ДЗС, доколку врнежите паднат за краток период на помали сливни површини, можна е појава на локални излевања.
- Апелираме на внимателно движење покрај водотеците и суводолниците, во крајниот запад, југо-запад и северо-запад, каде постои можност од локални излевања и можна појава на свлечишта и одрони, особено на патниот правец Маврово-Дебар-Струга. Покрај овие региони, за особена внимателност од можна појава на локални излевања ги посочуваме сливовите околу планината Кожув и Гевгелиско-Валандовскиот крај, наведува Дирекцијата.
Сите активности на следење и известување за моменталната хидролошка состојба се вршат согласно Националниот план за заштита од поплави.
Силите за заштита и спасување од поплави се во оперативна состојба за нивно можно ангажирање, а во функција се и сите материјално-технички средства и опрема со кои располага ДЗС.
Дирекцијата за заштита и спасување ги извести и предупреди своите подрачни одделенија и единиците на локалната самоуправа за потребата од преземање мерки и активности во својот делокруг.
ДЗС е во постојан контакт и со другите надлежни субјекти заради координирано делување и справување со можните појави на поплави за што навремено ќе ги известува медиумите и населението.
Ново на Сител
-
Претседателката Сиљановска Давкова ја прими гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска
-
Истражување: Една од три жени немаат пристап до менструални производи поради високата цена
-
Гаши: Ќе се погрижам да го подигнам нивото на Собранието, да биде во служба на сите граѓани
-
Џафери ќе ја извршува функцијата технички премиер до изборот на новата влада
-
Скопјанец го нападнал градоначалникот на општина Шуто Оризари, полицијата извршила службен разговор со него
-
Сиљановска Давкова: Ќе го почитувам Преспанскиот договор, но го задржувам правото на слобода на изразување
-
Кацарска ќе даде осврт за претседателскиот мандат во Уставен, до крајот на месецов ќе се знае нејзиниот наследник
-
Африм Гаши избран за претседател на Собранието