Џонсон: Британскиот план за Брегзит е историска грешка
Поранешниот министер за надворешни работи на Велика Британија, Борис Џонсон за „Телеграф“ изјави дека британскиот план за Брегзит е „историска грешка“, која ќе резултира со национално „понижување“ слично на тоа што го доживеа Грција од Европска унија.
Тоа е прва изјава на Џонсон откако минатиот месец поднесе оставка поради несогласување со стратегијата на премиерката Тереза Меј за Брегзит.
Џонсон наведе дека излезот на Грција од должничката криза, која заврши минатата недела не ја зголеми вредноста на еврото, кое остана „неизбежна катастрофа“.
- Искуството на Грција е лекција за апсолутното лудило на која било земја, која ќе дозволи да ја малтретираат преговарачите на ЕУ. Погледнете го понижувањето на Грција, земјите членки на ЕУ и запрашајте се како ЕУ ќе донесе закони со Велика Британија, кога нема да можеме ништо да направиме за да се заштитиме од наметнување на тие правила, истакна Џонсон.
Ново на Сител
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива
-
Каде ќе завршат гласовите за Османи и Таравари во вториот круг - одлука ќе се носи во следните денови
-
Парламентарни избори