Џон Хантсман именуван за амбасадор на САД во Русија
Претседателот на САД, Доналд Трамп го именува Џон Хантсман за амбасадор во Русија.
Републиканецот Хантсман (57) е поранешен гувернер на Јута, а од 2009 до 2011 година, за време на мандатот на Барак Обама беше амбасадор во Кина.
Тој во 1992 година, на 32-годишна возраст беше амбасадор на САД во Сингапур, со што стана најмладиот дипломат во последните сто години.
Хантсман соработувал со администрацијата на пет американски претседатели, а во 2012 година беше кандидат за претседателска номинација на републиканците.
- Гувернерот Џон Хантсман имаше забележителна кариера како политичар, дипломат и бизнисмен. Тој во моментот е претседател на Атлантскиот совет на САД и на Фондацијата Хантсман за борба против ракот, се наведува во соопштението од Белата куќа.
Тој беше и член на управни одбори на големи компании како „Хилтон“, „Шеврон“, „Форд мотор“ и „Катрпилар“.
Хантсман е женет и е татко на седум деца.
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци