Движењето Самоопределување го тужи Тачи за предавство
Косовското движење Самоопределување денеска соопшти дека поднело тужба против претседателот на Косово, Хашим Тачи за предавство.
Според претставничката на Самоопределување, Албулена Хаџиу, движењето решило да го тужи Тачи затоа што во 2015 година го потпиша Договорот за демаркација на границата меѓу Косово и Црна Гора.
Дел од косовките партии тврдат дека со овој Договор, Косово на Црна Гора и отстапило дел од својата територија и затоа го сметаат за неприфатлив.
Косовското Собрание денеска требаше да одржи вонредна седница на која требаше да гласа за ратификација на Договорот, но по два часа доцнење, заседанието беше презакажано за утре.
Седницата е одложена затоа што владејачката коалиција се уште не може да обезбеди двотретинско мнозинство за ратификација на Договорот, откако Српската листа официјално соопшти дека нема да гласа за документот.
За ратификација на Договорот потребно е да гласаат 80 од 120-те пратеници, а досега се обезбедени 78 гласа. Останатите два гласа треба да дојдат од некои од пратениците на Српската листа или на Самоопределување, кое е категорично против документот.
Ратификацијата на договорот е услов за либерализација на визниот режим за патување на косовските граѓани во земјите од ЕУ
Ново на Сител
-
МНР: Да се почитува Договорот од Преспа - со Грција развивме високо ниво на политички дијалог
-
Реулаторна ќе објави нови цени на горивата
-
Почувствуван земјотрес во Хрватска
-
Мицотакис: Провокативна, незаконска и недозволива иницијатива од новата претседателка на Северна Македонија
-
Макроекономска и буџетска состојба на Еврозоната теми на средбата на Еврогрупата
-
Работни групи на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди на преговори за идната влада
-
Народната банка ќе ги објави пролетните макроекономски проекции
-
Во Косово од денеска само евра, измина преодниот рок што го одреди Централната банка за динарите