Две лица осомничени за осум тешки кражби во Тетовско
Две лица од Тетово Н.К. (39) и А.А. (22) се осомничени од тетовската полиција дека се сторители на осум тешки кражби што биле извршени во април и јуни годинава, најмногу во куќи во Тетово, Одри, Порој, Требош и Палатица.
Како што информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски за двајцата осомничени наскоро ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
- Осомничените во вечерните или раните утрински часови провалувале во куќите со насилно отворање претежно на влезните врати или прозорците, набрзина ги пребарувале просториите во куќите и најчесто одземале пари, златен накит и бижутерија, но и технички производи телевизори, часовници и друго. Дел од одземените предмети се веќе пронајдени и вратени на нивните сопственици, рече Јосифовски.
Според податоците на Јосифовски овие двајца осомничени и минатиот месец биле кривично пријавени за други кражби извршени во Тетово.
Ново на Сител
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија
-
Атентат врз словачкиот премиер
-
Флекс кредит и СОС Детско Село заедно за Денот на семејството
-
Предизборниот и постизборниот период продуцира економска криза, сметаат економистите
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати