Две девојчиња го снимиле сопствениот убиец: Следниот ден се пронајдени мртви
Две девојчиња Либерти Герман (14) и Абигел Вилијамс (13) се пронајдени мртво во Индијана минатата недела, а полицијата објави фотографии од осомничениот за нивното убиство.
Фотографијата била снимена од страна на едното девојче пред да бидат убиени. Нивните тела се пронајдени во близина на железничкиот мост, каде девојчињата отишле да прошетаат тој ден зошто немале настава.
Либерти го фотографираше убиецот, но и кратко видео од неколку секунди пред смртта. Фотографиите ги објави канцеларијата на шерифот од округот Карол во сојузната држава Индијана.
“Девојката е херој“, изјавија полицајците на конференцијата за новинари, и на медиумите им ја подели снимката, на која се слуша гласот, како и фотографии од осомничениот, со надеж дека некој ќе го препознае.
Полицијата случајот го води како двојно убиство. Велат дека девојчињата требало, по прошетката да одредено место да се чекаат со членовите на семејството, но не се појавиле таму. Било пријавено нивното исчезнување и тие се пронајдени мртви наредниот ден.
Ново на Сител
-
ЕУ го повика Израел „веднаш“ да ја прекине воената операција Рафа
-
Два пожара на отворено регистрирани изминатото деноноќие
-
Драма во Драч: Татко ги земал двете деца како заложници и почнал да пука со калашников
-
Њујорк и Денвер на чекор до полуфинале во НБА плејофот
-
Претрес во струмичко, пронајдена дрога, приведен дилер
-
Запален автомобилот на директорот на затворот ,,Идризово”
-
Халанд и Ортега го доближија Сити до шампионската титула
-
Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крушево