Двајца тетовци завршија во полиција: Едниот уринирал на јавно место, другиот снимал
Синоќа во 20.30 часот на ул. „Б.Стефаноски“ во Тетово, полициски службеници забележале непознато машко лице како прави прекршок – уринирање на јавно место.
Со намера да му укажат на прекршокот, тие му се доближиле и побарале да се идентификува. Лицето одбило да се идентификува, почнало да се оддалечува и со погрдни и вулгарни зборови почнало да ги навредува и омаловажува полициските службеници.
Му била дадена наредба да застане, но тој не ги послушал и во еден момент го турнал еден од полициските службеници.
Лицето било приведено во Полициската станица Тетово, каде му бил утврден идентитетот. Се работи за лицето З.К. (51) од Тетово.
Во моментот на приведување на З.К., бил забележан З.С. (53) од Тетово, кој со мобилен телефон се обидувал неовластено да го снима настанот.
Кога полициските службеници го внесувале З.К. во службеното возило, З.С. го држел со двете раце и ги спречувал во преземање на службените дејствија, поради што и тој бил приведен во Полициската станица.
По целосно расчистување на случајот против двете лица ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Ново на Сител
-
Хоспитализирани четири лица со голема кашлица, нови 27 случаи
-
Продолжува кампањата за претседателски и парламентарни избори на 8 мај
-
Свечена промоција на нови полициски службеници во Идризово
-
Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи полисата за задолжителното авто осигурување
-
Кикбоксерот Бобан Илиоски светски првак во ВАКО ПРО
-
Киев: Русија ја нападна енергетската инфраструктура во три украински региони
-
Десетици торнада го погодија централниот дел на САД
-
Денеска е Лазарова сабота, утре Цветници - празници предвесници на Велигден