-->
-->
Дваесет земји-членки на ЕУ избраа Европско јавно обвинителство
-->
Советот на Европската унија денеска ја усвои регулативата за формирање на Европско јавно обвинителство (ЕППО) кое ќе важи за дваесет земји-членки на Унијата.
Како што јави дописникот на МИА од Брисел, ова Јавно обвинителство ќе биде задолжено за истрага, гонење и изведување пред лицето на правдата на сторителите на прекршоци против финансиските интереси на Унијата. Ова тело ќе ги собере европските и националните напори за спроведување на законот за борба против измамата во ЕУ.
- Создавањето на јавното обвинителство на ЕУ е важен чекор во соработката во областа на европската правда, која ќе помогне да ги заштитиме нашите даночни обврзници. Дури и кога криминалците ќе дејствуваат преку границите, сега ќе можеме да се осигураме дека тие ќе бидат изведени пред лицето на правдата и дека парите на даночните обврзници ќе бидат вратени, истакна Урмас Реинсалу, министер за правда на Естонија, земја која претседава со Унијата.
Централната канцеларија на Европското јавно обвинителство ќе биде со седиште во Луксембург, а датумот на кој ЕППО ќе ги преземе своите истражни и обвинителски задачи ќе го утврди Европската комисија врз основа на предлог од Европскиот главен обвинител откако ЕППО ќе биде формирано. Овој датум нема да биде порано од три години по влегувањето во сила на оваа регулатива.
Инаку, дваесетте земји-членки на Европската унија што се согласија да се формира Европското јавно обвинителство се Австрија, Белгија, Бугарија, Хрватска, Кипар, Чешка, Естонија, Германија, Грција, Шпанија, Финска, Франција, Италија, Летонија, Литванија, Луксембург, Португалија, Романија, Словенија и Словачка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево