Македонија
24. March 2017 - 16:52

Државата која е добиена со многу жртви може лесно да се изгуби, предупредува професорот по историја Новица Велјановски

Државата која е добиена со многу жртви може лесно да се изгуби, предупредува професорот по историја Новица Велјановски од Националниот институт по историја, во интервју за Радио Слободна Македонија . Вели дека Платформата на албанските партии не е само дневно политичка тема туку прашање кое може комплетнод а ја промени државата.

- Ние тешко сме дошле до држава и многу пати сме биле предупредувани дека лесно може да ја загубиме, ние сега сме во ситуација каде лесно може да ја изгубиме државата. Некои политички лидери се неуки во однос на тоа што треба да се направи за државата. Работите ги гледаат симплифицирано. Тема на денот и годината е платформата на албанските апртии. Тоа не е безазлена работа.

Позната е тенденцијата и на Албанија и на Грција и на Бугарија за создавање големи држави. Тоа го нема само кај Македонците бидејќи ние немаме друга држава. Албанската платформа не нешто ново, овие тенденции се познати уште од Призренската лига. Во оваа платформа има точки кои се многу чудни. Има елемнти кои може да се реализираат само во ситуација на војна.

Според Велјановски, единствено решение е целосно отфрлање или повлекување на Платформата.

 Се отвора Пандорината кутија и не се знае што ќе призлезе од неа. Оваа платформа треба да биде или отфрлена или повлечена. Вака поставено, е губење на македонската држава. Се бара федерализација, билингвалност. Македонскиот народ не е подготвен да го направи тоа. Макеоднскиот народ треба да го слушаат политичарите. Не може да се гради политика на небо.

Од историски аспект за Велјановски е особено спорно прашањето за наводниот геноцид. Вели дека таквото признание ќе значи преземање на огромен товар за макеоднскиот народ. Истовремено смета дека скриената порака е дека бројноста на Албанците во моментов е помала единствено поради сторениот геноцид па нема причина тие да добијат целосна двојазичност и други етнички права.

За геноцидот не може да се дебатира. Ако сега во овој момент поради формирање влада се прифати Платформата нема веќе услови за дебатирање. Секогаш ќе се истакнува тоа прашање како решено, како стекнато право. Утре ќе дојдат нови генерации. Но сега ако се прифати федерација тоа нема да се корегира.Затоа им советувам на СДСМ да не направат преседан кој никогаш нема да може да се исчисти.

Според Велјановски, покрај политичките лдиери одговорност треба д апокажат и членовите на МАНУ преку изнесување на ставови кои се во насока на заштита на државноста.